Вести Свет

29 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЊУЈОРК

Сподели:

new-york-city-explosion

Њујорк е во состојба на готовност откако се случи експлозија во областа Челси во Менхетн, повредувајќи 29 луѓе, од кои еден сериозно.

Илјадници луѓе беа во една од најпопуларните области во Њујорк, позната по бројни кафетерии, ресторани, барови и ноќен живот, кога експлозијата одекна низ Менхетн околу 8.30 часот навечер во саботата по локално време. Се верува дека екплозијата потекнува од направа поставена во или блиску до контејнер. Нешто подоцна, во близина на експлозијата беше пронајдена втора импровизирана експлозивна направа, соопшти полицијата.

Бил де Блазио, њујоршкиот градоначалник, кажа дека експлозијата во Челси била „промислен чин“, но инсистираше дека нема веродостојна терористичка закана по градот и додаде дека нема поврзаност со експлозијата во Њу Џерси.

Сподели: