Во холандските градови Ситард и Мастрихт, се одржува 30-тата Конвенција на Меѓународниот совет за архивско истражување – ICARUS, на тема “Архивите и трагите на миграцијата”.
На собирот најмногу се расправа за начинот на кој архивите во светот се справуваат со миграциските процеси, особено со архивскиот материјал кој сведочи за миграцијата.
![](https://denesmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/05/345002634_1714975128965415_1245738773784250856_n-1024x611.jpg)
Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, учествувајќи во панел-доскусиите истакна дека во поново време се соочуваме со миграција на високо образовани лица од балканските земји кон Европа и светот, за кои нема точна евиденција и што претставува сериозен проблем за многу земји.
“Миграцијата е тема која што е особено важна и во денешно време, а нејзините траги се видливи во архивите во Европа само со примери од минатото. Повеќето организации и институции треба почесто да дискутираат и да споделуваат идеи, визии и конкретни проекти поврзани со оваа тема, за да се создадат нови партнерства, но и можности за планирање и имплементирање на нови проекти во однос на евидентирање на миграциите во поново време” – нагласи директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески. Генералното собрание на ICARUS едногласно го прифати неговиот предлог 31-та Конвенција на оваа меѓународна организација да се одржи на есен во Скопје и во Охрид.
![](https://denesmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/05/Screenshot_2.png)
На Конвенцијата се одржаа и неколку работилници, а за време на Генералното собрание за нова претседателка на ICARUS беше избрана г-ѓа Биргит Кибал, од Националниот архив на Естонија, а беа претставени и новите членови на ICARUS – конзорциумот и новите членови на неговиот Извршен одбор.
![](https://denesmagazin.mk/wp-content/uploads/2019/12/SEMM-baner_MK.jpg)