И покрај евидентните предизвици, програмата на 39. Скопски џез фестивал го сочувува високиот интернационален карактер на фестивалот и традицијата да го нуди најдоброто од џезот и импровизираната музика.
Осум изведувачки имиња од Европа, Македонија и Куба ќе одржат концерти во живо во салата на Националната опера и балет. Со почитување на сите протоколи и безбедносни мерки пропишани за одржување на културни настани во затворен простор.
Музичките уметници со светско реноме Влатко Стефановски и Теодосиj Спасов ќе го отворат 39-ти Скопски џез фестивал, што ќе се одржи од 14 до 17 октомври годинава. Познати изведувачи од земјава и од Европа ќе одржат концерти во живо во салата на Националната опера и балет во рамки на фестивалот.
За Скопскиот џез фестивал ќе има онлајн стриминг на три ексклузивни концерти од Њујорк и Осло, со цел одржување на врската со американските и норвешките музичари, кои овој пат не можат да патуваат вон своите земји. А бесплатниот стриминг на сите концерти ќе го направи целиот фестивал достапен за светот.