41. издание на фестивалот “Браќа Манаки” ќе се одржи преку активности

Сподели

 

41. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ годинава ќе се одржи преку активности кои дополнително ќе се утврдат, одлучи Друштвото на филмски работници (ДФРМ) на своето последно собрание. Формата на одбележување на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”, треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор истата да  се зачува.

Оттаму информираат дека поради пандемијата, фестивалот годинава нема да има гости и програма како изминатите 40 негови изданија. Одлуката за откажување на „Браќа Манаки“ доаѓа откако бројни филмски фестивали од „А“ категорија, вклучително Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани поради состојбата со пандемијата.

За директор на ИФФК „Браќа Манаки“ повторно е избрана Гена Теодосиевска, што значи дека таа ќе раководи и со следните две изданија на фестивалот.