Законот за амнестија кој го изготви Координативно тело за помирување, вчера е објавен во Службен весник.
Тоа значи дека Указот за прогласување за овој закон го потпишал претседателот Ѓорге Иванов и оти веќе тече рокот од 5 дена за пријавување на сите обвинети за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.
Според овој закон, секој обвинет треба да поднесе барање да биде амнестиран доколку смета дека ги исполнува условите пропишани со овие законски решенија. Потоа, последниот збор ќе го имаат судијката и обвинителката во овој предмет, Добрила Кацарска и Вилма Рускоска.
Во предметот обвинети се 33 лица за кривичното дело трористичко загрозување на уставниот поредок на државата.