45-та годишна завршна изложба на Факултетот за ликовни уметности-Скопје

Сподели

Факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ја најавува „45-та Годишна завршна изложба на ФЛУ“, што ќе се одржи на 29 и 30 мај 2025 година, во просториите на факултетот на кампус „Педагошка“ и во културно-историскиот објект Сули ан.

Изложбата претставува кулминација на академската 2024/2025 година, на која публиката ќе има можност да види селекција на уметнички дела од сите студенти на ФЛУ – од сите четири студиски години и од сите насоки: Сликарство, Скулптура, Графика и Ликовна педагогија, и од изборните предмети како сценографија, графички дизајн, фотографија, конзервација и реставрација, и други.

Програмата вклучува изложби во сите ателјеа и галерии на ФЛУ – во трите објекти „Педагошка“, Ателјеата за скулптура и Сули ан. Во Галерија ФЛУ ќе биде поставена изложбата на наградените студенти од четврта година, додека во Галеријата „Д.А. – Гуте“ во Сули ан ќе има изложба на студентска графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“.

Настанот е отворен за јавноста и претставува одлична можност да се запознае работата, креативноста и иновативноста на младите уметници.