Започнува продажбата на HUAWEI Mate Xs и на македонскиот пазар

Сподели

 

 

Од вчера, претставникот на новата генерација смартфони на преклоп HUAWEI Mate Xs станува достапен за македонските потрошувачи, заедно со ВИП услугата за оние кои прв пат инвестираат во новата категорија уреди и стануваат дел од формирањето на мобилното потрошувачко искуство од иднината.

 

 

HUAWEI Mate Xs се заснова на највисоката класа на најновите технологии на Huawei, вклучувајќи ги и ултра-високите перформанси и чипсетот Kirin 990 5G кој штеди енергија, феноменалната Leica камера, која е во улога на главна и селфи камера, и уникатно напреден Falcon Wing дизајн. Синергијата помеѓу хардверот и софтверот е со брзина на молња, како во режимот на смартфонот, така и на таблетот, и до волшебно непречено префрлување помеѓу нив.

 

 

„Huawei Mate Xs е за оние кои сакаат да бидат први, оригинални и нестандардни. За оние кои носат порив и талент да ги пробијат границите и да најдат изводливи решенија за иднината. Веруваме дека македонските граѓани го имаат токму овој карактер и им се заблагодаруваме на нашите партнери од Македонски Телеком, со кои имаме задоволство да го понудимеи во Северна Македонија“, изјави Лонгруи Циу, генерален директор на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија.

Иновации на иднината

Кога е склопен, HUAWEI Mate Xs е моќен паметен телефон со двојни екрани со дијагонали од 6,6 инчи и 6,38 инчи, соодветно. Кога се отвора, се претвора во 8-инчен таблет, што го прави неспоредлив со кој било друг паметен телефон од овој карактер.

Уникатниот Falcon Wing дизајн вклучува над 100 меѓусебно поврзани делови, кои работат во совршена хармонија за непречена транзиција помеѓу двата режима. Се користат нови материјали за Mate Xs, вклучувајќи течна легура базирана на циркониум, со што целиот систем на преклопување со 180 степени е многу поиздржлив.

 

Флексибилниот дисплеј исто така доаѓа со иновативна двослојна полимерна структура. Уникатниот материјал му овозможува на дисплејот да репродуцира слики со одличен квалитет, заситеност на бојата и осветленост, додека одржува висок степен на издржливост.

Huawei Mate Xs исто така вклучува и посебен систем за ладење Flying Fin, базиран на графен со микроскопски наноканали. Сместен по целата површина и се отвора со телефонот за рамномерно и ефикасно ладење.

Заштитен знак на Huawei е изборот на камери од највисока класа. HUAWEI Mate Xs е опремен со SuperSensing Leica Quad Camera, вклучувајќи 40 MP главни (широк агол, f/1.8), 16 MP ултра широк агол (f/2.2), 8 MP телефото (f/2.4, OIS) и 3D Depth Sensing камери. Како систем на камери за сите можни сценарија, поддржува до ISO 204800 за снимање неверојатни фотографии во услови на слаба осветленост. HUAWEI Mate Xs радикално го менува селфи-искуството, дозволувајќи им на корисниците да ја користат главната quad камера на Leica.

HUAWEI Mate Xs работи со најновиот оперативен систем EMUI 10.0.1, изграден на отворена Android платформа, која доаѓа со зголемено ниво на безбедност и поддршка на функцијата Multi-screen Collaboration, скратувајќи го растојанието помеѓу уредите со Windows и Android. Иновативниот уред работи и со ажурираната продавница за апликации на Huawei – HUAWEI AppGallery.

VIP услуга

Со купувањето на Huawei Mate Xs, новите сопственици добиваат и VIP пакет услуга по продажбата. Истата вклучува директен контакт со експерти од Huawei кои се достапни за да помогнат брзо да извлечете максимум од работењето со уредот, како и директен контакт со претставникот на Huawei за услуги за гаранција и пост-гаранција. Исто така, ја вклучува услугата „Врата до врата“ која опфаќа бесплатен курир во двете насоки ако уредот треба да се испрати за услуга, две бесплатни замени на заштитната фолија на екранот и секако, специјалниот третман што го добиваат сите фанови на Huawei при посета на Центарот за услуги на клиентите на ул. Борис Трајковски 72 во Скопје, и контакт телефон: +389 (0)2 3111110.

 

Huawei Mate Xs во Северна Македонија се продава по препорачана цена од 139.999 денари или со соодветните планови за претплата ексклузивно во Македонски Телеком.