Честитка од претседателот на Собранието, Џафери по повод одбележување една година од нашето полноправно членство во НАТО.
“Дoзволете денес, кога одбележуваме една година од нашето полноправно членство во Северно – атлантската договорна организација – НАТО, да изразам искрени честитки до Вас, до институциите на Република Северна Македонија, до сите минати влади и политички чинители, и секако, до актуелните политички гарнитури, без оглед дали се од власта или опозицијата, бидејќи секој од нив, во својот домен, ја даде својата поддршка и имаше удел во статусот што го имаме и уживаме денес, односно 30-та земја членка на најмоќниот воено-политички сојуз, безбеден чадор и чувар на безбедноста на нашите граѓани и на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија” – изјави претседателот, Талат Џафери.
“Јас ја имав честа на 11 февруари 2020 година, да ја водам свечената 133. пленарна седница по повод ратификацијата на Договорот и како што реков тогаш, ќе повторам и сега, „За нас, ова е историски ден!“ и, навистина, исправноста на таа одлука се потврди за време на оваа година а сигурно ќе се зацврсти уште повеќе во годините што следат. Раката на поддршка и пријателство што ја пружија земјите членки на НАТО, нашите сојузници, беше од огромна корист за нашиот здравствен систем и справувањето со последиците од пандемиската криза. Убедени сме дека таа поддршка ќе биде сигурен наслон во идните предизвици што следат затоа што, тоа е мотото на НАТО, сите за еден и еден за сите! Ние сме подготвени да го дадеме својот придонес и удел во колективната безбедност и сигурност на семејството на НАТО.
“Ние сме подготвени за иднината – Северна Македонија во НАТО 2030” – додаде Талат Џафери.