Скопјани пијат чиста и безбедна вода

Сподели

 

Жителите на Скопје пијат чиста и безбедна вода, потврдија денеска од ЈП „Водовод и канализација“.

 

 

Квалитетот на водата за пиење од водоснабдителниот систем во Скопје се контролира во Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“, чиј составен дел се акредитирани лаборатории според ISO 17025. Преку процесот на контрола, кој подразбира постојан мониторинг и запазување на високите стандарди, се потврдува квалитетот и безбедноста на водата за пиење, која високо котира во европски рамки.

Во работна посета на Секторот за санитарна контрола денеска беше и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, кој се запозна со процесот на работа и процесот на контрола на водата, кој секојдневно се изведува преку примероци од повеќе од 50 мерни места во градот Скопје.

Покрај запознавањето со процесите кои се изведуваат во хемиската, микробиолошката и молекуларната лабораторија, Перински се запозна и со тековните проекти. Тој беше информиран и за оперативноста на Секторот за санитарна контрола чии лаборатории врз основа на своите достигнувања се доближуваат до лабораториите на европско и светско ниво, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.