Халили: Треба да имаме закон за забранети имиња како „Ванчо Михајлов“

Сподели

 

Поранешниот амбасадор Мухамед Халили во „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека во Македонија треба да има закон за забранети имиња, како што е „Ванчо Михајлов“.

„Ние немаме закон за забранети имиња, а треба да имаме“, посочи Халили.

 

„Една таква посета требаше да има цел за зближување на двете влади, институциите. Но, фактот што таа посета почна и заврши со некои изјави кои не доликуваат на досегашните вистински напори меѓу двата премиера Ковачевски и Петков, тоа значи дека целта не беше постигната, туку беше една вистинска провокација што не само јас лично како поранешен Амбасадор, туку и Советот на Амбасадори така го оквалификува“, рече Халили.

Целта била нашите институции да подпаднат под тие провокации, за евентуално да се прикаже бугарското малцинство како обесправено.