Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари. Понудата беше прифатена од одборот на Твитер откако Маск пред неполни две недели изјави дека е вистинската личност да го искористи извонредниот потенцијал на оваа социјална мрежа.
Маск предложи серија промени, од олабавување на ограничувањата за содржината до искоренување на лажни сметки. Твитер првично ја одби понудата на Маск, но сега ќе бара од акционерите да гласаат за преземањето.
Инаку, Маск е најбогатиот човек на светот, според магазинот Форбс, со проценета нето вредност од 273,6 милијарди долари, главно поради неговиот удел во компанијата Тесла што ја води. Тој е сопственик и на компанијата SpaceX.
„Слободата на говорот е основа на функционална демократија, а Твитер е дигитален градски плоштад каде се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото“, рече Маск.
Ова е клучен момент за 16-годишната компанија која се појави како еден од највлијателните социјални мрежи и сега се соочува со низа предизвици.
Дискусиите за договорот, кои минатата недела изгледаа неизвесни, се забрзаа во текот на викендот, откако Маск ги навлече акционерите на Твитер со финансиски детали за неговата понуда.
Под притисок, Твитер почна да преговара со Маск за купување на компанијата по предложената цена од 54,20 долари по акција.