Претседателот Пендаровски положи цвеќе по повод 119-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 119-годишнината од неговата смрт.

 

 
“Гоце Делчев својот живот го подари на највисоката кауза за национална и социјална слобода и со право претставува стожер врз кој ја градиме македонската државност и самобитност. Слава му!”- изјави претседателот Пендаровски.