Захариева: Очигледно Петков се заложил да го тргне ветото за С.Македонија

Сподели

 

“Бугарија има двојна надворешна политика. Министерството за надворешни работи е исклучено од разговорите меѓу премиерот и неговите колеги од Северна Македонија. Очигледно Кирил Петков се заложил да го тргне ветото без да ги исполни обврските“, –  изјави пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за БНТ.

Захариева појасни дека овие наводи не се нејзини, туку се изнесени лично од актуелната министерка Генчовска.
 

„Бугарија треба да има јасен и недвосмислен став. Направивме апсолутно се што е можно“, рече Захариева на прашањето дали како министерка направила се за да го објасни ставот на Бугарија.

„Жал ми е што некои од бугарските политичари се фаќаат за пропагандата на РСМ. Бугарија не можела да објасни – напротив! Не треба да личиме на ситен историски реваншист. Тие го сакаат тоа. Проблемот не е само во читањето на историјата, проблемот е што создава омраза кон соседна земја и тоа што земја која претендира да биде членка на ЕУ во 21 век, не ги почитува нормалните човекови права“, рече Захариева.