Носењето на клулчните закони за администрацијата се влече со години

Сподели

 

Најважен услов за напредок во секторот јавна служба и управување со човекови ресурси се основните закони од областа: Закон за административни службеници, Закон за вработени во јавен сектор и законот што допрва првпат треба да биде ставен во легислативата, Законот за високата раководна служба. Станува збор за законски решенија што треба да овозможат професионализација на администрацијата, подобар интегритет и заштита од корупција и непотизам, деполитизација на администрацијата и воведување, т.е. зацвртстување на мерит системот како основно начело за вработување и напредување во јавната администрација, се  вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, во кој се прави пресек на состојбата со реформскиот процес од 2021 година, заклучно со 31 март 2022 година, пишува Вистиномер

 

ПВР и закони со европско знаменце

Проценката на влијание на регулативата (ПВР) и натаму е предизвик, исто како и други документи неопходни за кревање на квалитетот на регулативите. Според експерти од фокус-групата кај ПВР, на пример, зависи од закон до закон. На квантифицирано ниво останува бројката дека околу 75 отсто од регулативата е поткрепена со ПВР до основно ниво на квалитативно ПВР, но индивидуално гледано, кај некои предложени законски измени или сосема нови закони, делот што се нарекува проценка на влијание е многу добро сработен, а кај некои други сосема формално ставен. Сè уште постои проблемот со процедурите, како што е таа на пример дека во итна измена на некоја регулатива ПВР не е потребна, ниту, пак, ако законското решение го предлагаат пратенциите, што е неразбирливо за експертите. За да станат работите појасни, овој проблем е воочен уште во 2017 година, кога е направена анализа, наречена „Предизвици и препораки за подобрување на законодавниот процес“. Во таа анализа поддржана од НДИ, во врска со ПВР се наведува констатацијата:

Спроведувањето на проценката на влијанието многу често се подготвува откога законодавниот предлог е подготвен и не е резултат на темелна анализа. Законскиот предлог не се изработува во насока на преферирана опција од спроведена проценка на влијание. Фискалните обрасци се пополнуваат формално, без објективен приказ на финансиските влијанија. Анализата на социјалните, економските и еколошките влијанија врз политиката е формална

Дали овие состојби се променети? Според мислењето на експертите од фокус-групата има напредок, но тој не е задоволителен. Но, дури и меѓу експертите има подeленост. Од фокус-групата произлезе дека, на пример, Нацртот на изменетиот или новиот закон за административни службеници во делот наречен проценка на влијание на регулативата во еден дел „не бил детално и добро образложен“ (еден од експертите) или дека „е многу добро подготвен“ (други експерти консултирани во рамките на фокус-групата).

Јавна служба и управување со човечки ресурси – мерит системот зависи од законите

Најважен услов за напредок во секторот јавна служба и управување со човекови ресурси се основните закони од областа: Закон за административни службеници, Закон за вработени во јавен сектор и законот што допрва првпат треба да биде ставен во легислативата, Законот за високата раководна служба.

Станува збор за законски решенија што треба да овозможат професионализација на администрацијата, подобар интегритет и заштита од корупција и непотизам, деполитизација на администрацијата и воведување, т.е. зацвртстување на мерит системот како основно начело за вработување и напредување во јавната администрација. Станува збор за долг период на подготовка и консултации, со оглед на фактот што и самото МИОА во полугодишниот извештај за спроведување на Акцискиот план за реформи во ЈА 2018-2022, за периодот јануари-јуни 2021 година, наведува дека „во првото полугодие на 2021 интензивно се работеше“ на законските предлог-решенија за овие три закони. Впрочем, ако се погледне историјатот за последните измени на ЗАСЗВЈС и на ЗВРС, кои може да се најдат на владиниот портал за прописи ЕНЕР, може да се види дека нацртите во прва верзија се поставени уште на 17.9.2021 г. и дека времето за коментари е истечено, додека тој за висока раководна служба се влече низ процес на јавна консултација уште од март 2019 година. Ова значи дека јавната консултација е завршена.

Впрочем непосредно пред да биде затворен овој извештај, тоа го потврди и надлежниот министер на МИОА на прес-конференција, соопштувајќи дека трите закони се готови и разјаснети и оти прв во Собрание ќе биде испратен ЗАС, а другите два во текот на годината.

Станува збор за целосно нови прописи, зашто и во наративниот опис на ЕНЕР се наведува дека се менуваат повеќе од 1/3 од членовите за ЗАС и за ЗВЈС, додека ЗВРС е сосема нов предлог на закон кој, да повториме, неколкупати беше ставан на ЕНЕР, па разгледуван во Влада, па повторно враќан на ЕНЕР итн.