Претседателот на Владата Димитар Ковачевски ја прими делегацијата на Комитетот за превенција од тортура на Советот на Европа предводена од претседателот Алан Мичел, придружуван од вицегувернерот на Развојната Банка на Советот на Европа Томас Бочек.
На средбата, на која присуствуваа и министерот на правда Никола Тупанчевски и директорот на Управата за извршување на санкциите Марјан Спасовски, се разговараше за степенот на реализацијата на препораките на Комитетот во рамките на Проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија“ кој се имплементира од страна на Совет на Европа и за остварување на начелата нана Националната стратегија за пенитерцијарниот систем (2021-2025).
Како дел од оваа средба беше и информацијата за реализацијата на проектот „Реконструкција на казнено поправните установи во Република Северна Македонија”, која што се состои од неколку подпроекти и кои се реализизраат со поддршка на Развојната Банка на Советот на Европа и со средства од Буџетот на Република Северна Македонија.
Основна цел на овој проект е унапредување на процесот на извршување на санкциите, преку остварување и унапредување на човековите права во однос на условите за сместување, хигиената, здравствената заштита, работните и слободните активности на осудените и притворените лица.