ФРАНЦУСКИ МЕДИУМИ НЕМА ДА ОБЈАВУВААТ ФОТОГРАФИИ И ИМИЊА НА ТЕРОРИСТИ

Сподели

PressReviewLobo600x600

Неколку француски медиуми одлучија повеќе да не објавуваат фотографии на луѓето кои се одговорни за терористичките убиства, со цел за да се избегне нивно посмртно хероизирање. Ваква политика воведуваат големите весници како „Ле Монд“ и „Кроа“, јавија светските медиуми.

„Ле Монд“ објави едиторијал по последниот напад кога беше убиен свештеник во црква во близина на Руан од двајца мажи кои тврдат дека се дел од Исламската држава. Под наслов „Отпор кон стратегијата на омраза”, „Ле Монд“ тврди дека сите елементи на општеството мора да се вклучат во борбата против тероризмот, што значи дека медиумските организации имаат посебна улога.

„Веб-сајтовите и весници кои објавуваат информација не може да се амнестираат себеси од самоиспитување на неколку фронтови. Откако првпат се појави тероризмот на ИСИС, „Ле Монд“ ги промени својот практики неколку пати “, појаснуваат од весникот.

„По нападот во Ница одлучивме да не објавуваме фотографии на извршители на масовни убиства, со цел да го избегнеме евентуалното славење по нивната смрт“, истакна директорот на весникот, Жером Фенолио. Од весникот објавија и дека ќе продолжат да размислуваат за поинакви практики во однос на покривањето на темата тероризам.

Ваквиот начин на работа најавија дека ќе го поддржарт телевизијата „БФМ ТВ“ и католичкиот весник „Ла Кроа“.

„Ние синоќа ја донесовме одлуката повеќе да не покажуваме слики од терористите”, изјави уредникот и директор на телевизијата, Ерве Беруд за агенцијата „Франс Прес“. „Размислувавме некое време за тоа. Нашата одлука ја забрзаа случувањата од Ница, како и повторувањето на трагедиите“.

„Радио Европа 1“ соопшти дека нема да го објавува фотографии на извршителите на терористичките убиства на својата веб-страница, како и нивните имиња. Ваква реакција се очекува и од телевизиски канал „Франс 24“.

Сепак, оваа практика не ја прифаќаат сите медиуми. Мишел Филд, извршен директор на вести на државната француска телевизија, издаде соопштение во кое вели: „Нашата должност е да информираме, граѓаните имаат право да бидат бидат информирани. И ние мора да се спротивставиме на оваа трка кон самоцензура и изјавите за големи намери“.

Како последица на нападот во Ница, психоаналитичарот, Фети Бенслама кој предава во Париз даде предлог на француското радио деке можеби е време медиумите да се здружат и повеќе да не ги објавуваат имињата и сликите на сторителите на тетористички дела за да не дозволат нивните имиња да станат светски познати.Тој додаде дека таквото „славење” ги охрабрува и останатите да извршуваат напади за „да се здобијат со слава во очите на своите команданти и нивните пријатели”.