Златан титулата му ја посвети на својот менаџер Раиола, а потоа кажа дали ќе продолжи да игра!

Сподели

Златан Ибрахимовиќ и неговиот Милан го кренаа трофејот наменет за шампионот на италијанската Серија А.

фото: Profimedia

Титулата која Росонерите ја чекаа цели 11 години, маестралниот 40-годишен Швеѓанец му ја посвети на неодамна починатиот агент Мино Раиола.

„Ова е за Раиола. Сакаше да бидам во Милан, ми рече дека можам да го спасам клубот и да го вратам на највисоко ниво“, вели Ибра, откривајќи што сега би го советувал Мино:

,,Ќе ми кажеше да играм уште 10 години и да земам што повеќе пари“.

Ибрахимовиќ по освојувањето на трофејот зборуваше и за плановите за иднината.

„Ако се чувствувам добро физички, ќе продолжам да играм. Кога сум на теренот правам разлика“, изјави одличниот напаѓач.

The post Златан титулата му ја посвети на својот менаџер Раиола, а потоа кажа дали ќе продолжи да игра! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico