ИЗЈАВИ: СТЕФАН БОГОЕВ

Сподели

bogoev_intervju

” -Режимот на ВМРО-ДПМНЕ 10 години владее со страв, насилство, беа апсени неистомисленици, бизнисмени, новинари, лидери на политички партии, обични граѓани. Притоа беа тепани и исфрлани опозициски пратеници, новинари и граѓани кои мирно протестираат. Во 2009 за прв пат среде Скопје на плоштадот беа тепани и студенти. ВМРО-ДПМНЕ 10 години владее и со фалсификат, фалсификува лични карти, документи, избори сето ова слушнато потврдено, запечатено докажано преку „бомбите“. Ова е причина за политичката криза, за формирање на СЈО, за оставка на Груевски и формирањето на техничка влада. Во својот препознатлив ганстерски стил ВМРО-ДПМНЕ преку своите насилници и послушници фалсификуваше студенти избори. Студентски избори без паравани и избирачки списоци, исполнети со фалсификат и насилство. Овие луѓе со темни наочари и бричени глави и златни синџири, како излезени од мафијашки филм, не се студенти туку вработени во јавни претпријатија во општина Битола и тие ги украдоа гласачките кутии. ВМРО уплашени од силината на студентите населно ги одземаат кутиите и повикаа специјални полициски сили да се спротивстават на студентите. За протест на 300 студенти имаше десетици полициски џипови, стотици припадници на ЕБР, оклопни возила хермелин опремени со митралез, небаре полицијата ќе пука во сопствените студенти. Ова не е реакција на министерство, на овој начин и со ваквата реакција партиската полиција го игнорираше крикот за помош на студентите, студентките беа згазени а студентите брутално тепани. Полицијата ја тепаше иднината на својата држава во заштита и одбрана на фалсификаторите на ВМРО.”