Некогаш на самиот врв, а денеска на дното – Згаснува клубот во кој играа Ето, Карлос…

Сподели

Некогаш најбогатиот клуб во светот, Анжи од Махачкала, најверојатно ќе биде згаснат, пренесуваат руските медиуми.

фото: Instagram @fc_anji

Тимот од најголемиот град во Дагестан не успеа да добие лиценца за настап во третата руска лига, па ваквиот исход не треба да изненадува.

Клубот беше во подем од 2010 до 2014 година, кога сопственикот Сулејман Каримов не жалеше за парите во кампањата за успех.

Тренер беше Гус Хидник, а на теренот жолти дресови носеа Самуел Ето, Вилијан, Роберто Карлос, Ласана Диара, Јусиел, како и руските репрезентативци Жирков, Кокорин и Денисов.

Керимов во 2014 година западна во финансиски проблеми, па престана да инвестира големи суми пари во клубот. Тимот заостанува и во последните три години игра во третиот ранг на рускиот фудбал.

Поминаа околу 10 години од периодот кога Самуел Ето заработуваше 20 милиони евра годишно и беше најплатен играч во светот.

The post Некогаш на самиот врв, а денеска на дното – Згаснува клубот во кој играа Ето, Карлос… appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico