Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје денеска ја завршуваат реконструкцијата на пешачките патеки во западниот дел од Градскиот парк. По интензивната работа во изминатите месеци целосно се реконструирани патеките зад Зоолошката градина кај Сточарскиот институт и патеките зад Луна паркот.
Реконструкцијата на пешачките патеки во паркот се вршеше по налог на Град Скопје, се реализираше во фази и се одвиваше на вкупна површина од 9.000 квадратни метри. Патеките се со променлива должина и широчина и бидејќи се целосно реконструирани и асфалтирани, граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација.
Со завршувањето на реконструкцијата на патеките во овој дел од паркот, во наредните денови екипите продолжуваат со активности за реконструирање на пешачките патеки во внатрешноста на паркот на површина од околу 2.800 квадратни метри.
Во текот на утрешниот ден екипите почнуваат со изработка на времен премин преку каналот во Градскиот парк за да се овозможи транспорт на машините и возилата при реконструирање на патеките во средишниот дел.