(ВИДЕО) Пеколот на Хамилтон – Се молев трката што побрзо да заврши!

Сподели

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека поради големите болки во грбот што ги претрпел поради скокањето на болидот, се молел што побрзо да заврши Формула 1 трката за Големата награда на Азербејџан.

Седумкратниот светски шампион се пожали на тимот во петокот и саботата на тренинзите и на квалификациите дека се чувствува непријатно во болидот и дека поради тоа може да има проблеми за време на трката.

Британецот за време на трката се пожали на силни болки во грбот поради скокањето на болидот. Тој заврши одлично, надополни три позиции и ја заврши трката на четвртото место.

Со проблеми Хамилтон успеа некако да излезе од болидот, а по трката изјави дека успеал да ја заврши само благодарение на адреналинот.

,,Тоа е единственото нешто. Не можам да ја опишам болката што ја почувствував, особено во насока на оваа патека. На крајот само се молев трката да заврши – изјави Хамилтон, пренесе Скај.

По осум трки во шампионатот, Хамилтон е шести со 62 бода, а лидер е Ферстапен со 150.

Следната трка ќе се вози за седум дена во Монтреал, за Големата награда на Канада.

The post (ВИДЕО) Пеколот на Хамилтон – Се молев трката што побрзо да заврши! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico