РКЕ е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.
Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, на денешната прес-конференција, запрашан за големите трошоци прикажани од страна на Балкан Енерџи Груп, тој изјави дека во моментов е покрената постапка за одземање на сите три лиценци на компанијата.
– Во тек е одземање на сите три лиценци. Во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. Мое мислење е дека по примерот на соседството и градовите во Србија и Хрватска, Владата или јавно претпријатие треба да ја преземат вршењето на оваа дејност“, додаде Бислимоски.
Тој појасни дека одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните ниту индустријата.