Поранешниот непоразен светски шампион во бокс, Американецот Флојд Мејведер Јуниор, познат и по прекарот ,,Пари,, ќе се бори во Јапонија во егзибициски меч против локалниот ММА борец Микуру Асакура.
Промотерите најавија дека натпреварот е закажан за септември, а правилата и времетраењето на натпреварот се уште не се објавени.
Мејведер пред речиси пет години непоразен се повлече од професионалниот бокс, но се бореше во егзибициски мечеви.
Интересно е што на последниот меч, одржан во Лас Вегас, го победи ирскиот боксерски дебитант Конор Мекгрегор, најголемата ММА ѕвезда досега, прекинувајќи ја борбата во 10-тата рунда!
Пред нешто повеќе од три години, исто така во Јапонија, го нокаутира Теншин Насакува, познат јапонски кик боксер.
Мејведер во неделата беше примен во Меѓународната боксерска куќа на славните во САД.
The post Непозениот во рингот се враќа во октагонот – За противник ќе има јапонец, но правилата не се познати! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico