(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА СЛИЧНОСТ! – Србијо, Пантелија е жив, еве го во НБА лигата!

Сподели

Во Србија со голем интерес се следеше НБА драфтот 2022.

фото: Profimedia

Нацијата опседната со кошарка со посебно внимание го следеше еден од моментите на сезоната во НБА бидејќи на понуда беше и еден српски кошаркар.

Никола Јовиќ беше избран како 27. пик од Мајами Хит.

Како што налага традицијата, секој одбран играч беше пречекан на средината на сцената од комесарот на лигата Адам Силвер за да му го честита за влезот во НБА.

Така Силвер им го украде шоуто на Јовиќ и на сите други играчи. Причината е што неговиот специфичен изглед го потсетува на „дедото“ Пантелија, легендарниот лик од култниот филм ,,Маратонците го трчаат почесниот круг,,.

Оваа асоцијација набрзо се најде на социјалните мрежи и стана вирален хит.

Се споделуваат паралелни монтажи на фотографии од Силвер и Пантелија, инаку најпознатиот покојник на југословенската кинематографија.

Приказната за маратонците се врти околу наследството на починатиот 125-годишен дедо, сопственик на успешна компанија за погреби.

Пантелија е жив, еве го во НБА лигата! напиша еден србин на социјалните мрежи со слики од комесарот на НБА и незаборавниот филмски лик.

The post (ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА СЛИЧНОСТ! – Србијо, Пантелија е жив, еве го во НБА лигата! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico