Пендаровски: Модификуваниот француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот

Сподели

 

“Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ми соопшти, а јас тоа му го пренесов и на нашиот премиер Димитар Ковачевски, дека Франција како претседавач со ЕУ ќе направи модификации во предложениот текст на преговарачката рамка”, информира шефот на државата Стево Пендаровски од Мадрид, додавајќи дека овој предлог е далеку подобар за нас од претходниот.

 

 

“Дали е тоа доволно добро засега ќе се воздржам, бидејќи сакам тоа да помине еден поширок круг на консултации, кои, за жал на препорака на нашите сојузници, не ги правевме минатиот пат за да не ја загрозиме сензитивноста на процесот. Мораме да ги искомуницираме граѓаните, луѓето, политичките субјекти, затоа што се обидуваме да направиме договор кој ќе трае“, изјави претседателот Пендаровски.

На препорака на нашите сојузници да не ја загрозиме сензитивноста на процесот. Сакаме да направиме договор кој ќе трае. Во рака мораме да имаме гаранција за македонскиот идентитет и дека никогаш јазик и нација нема да биде споменато никаде. Ако тоа не го добиеме како гаранција од ЕУ, ние не можеме да влеземе понатаму во процесот, информира Пендаровски во изјава за ТВ Сител.