Среќно и безгрижно детство без здравствени проблеми е желба на секој родител и згрижувач на секое дете. Малата Бела Кузев уште од најрана возраст се соочува со висок ризик за настанување на една од најстрашните непријатели во денешно време- церебрална парализа.
На малата Бела потребна ѝ е голема помош, затоа секоја донација е добредојдена, без разлика колку е голема, тоа е чекор напред во борбата со оваа болест.
Со напредокот на технологија во медицината и за среќа постои надеж со рана интервенција Бела да се развива како здраво дете, а за тоа е потребна долготрајна и интезивна рехабилитација во поликлиниката во Загреб. Пропратени со редовни контроли и мултидисциплинарно следење на состојбата, константни вежби, како што е и наведено во препораката од „Поликлиниката за физикална медицина и рехабилитација“ од Загреб, се шансата Бела да продолжи да го живее животот како и секое друго дете.
Да ја покажеме хуманоста и човечноста уште денес за овој мал борец, и заеднички да помогнеме и придонесеме со донирање за лекувањето на Бела.
Кај заболените од церебрална парализа и оние кои се под голем ризик за развој на оваа болест, од огромна важност е со рехабилитацијата да се започне што порано со цел да се подобри состојбата и да се овозможи нормален живот.
Секој може да донира преку повик на мобилен телефон или преку уплата на банкарска сметка.
Броевите и трансакциската сметка за донации се следните:
А1- 143 476
Телеком- 143 142
Трансакциска: 270 7000655378 05
Халк Банка Бела Кузев
#ГолемаПомошЗаМалатаБела