Денеска продолжува протестот „Ултиматум – НЕ благодарам“ против францускиот предлог, во 19 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи преку Министерството за надворешни работи до Собрание на Република Македонија.
Веќе неколку дена голем број граѓани протестираат искажувајќи дека се против францускиот предлог.
-Народот, интелектуалците, општествените чинители и експертската јавност гласно кажуваат дека овој предлог за почеток на преговорите е штетен за Македонија и води кон две сценарија, кое од кое полошо за Македонија. Едното е вечно преговоарање, а второто е асимилација под диктат на Бугарија. Овој предлог претставува ултиматум кој во себе ги содржи сите бугарски барања, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.