Затоа се повлече од јавноста – Најпознатиот ,,ќелавко,, заминува во историјата!?

Сподели

Зинедин Зидан наводно е уште еден во низата фудбалери и тренери кои биле подложени на трансплантација на коса.

Трансплантацијата на коса толку многу напредуваше што се повеќе познати луѓе се одлучуваат на ова, а се чини дека на овој потег најчесто се одлучуваат поранешни фудбалери, тренери…

Случајот на Вејн Руни е најпознат, а тоа не го кријат ниту Џердан Шаќири, Антонио Конте и Роб Холдинг. Се чини дека овој тренд не го заобиколи ниту „најпознатиот ќелавко“ во светот на фудбалот.

Зинедин Зидан наводно имал тајна процедура во Турција, па токму затоа во последно време не се појавува во јавноста.

Зидан се гледаше како нов тренер на ПСЖ, на крајот Маурисио Покетино беше заменет со Кристоф Галтие, додека во тоа време легендарниот француски фудбалер имаше приватен бизнис во Турција.

Во оваа земја најчесто се прави трансплантација на коса, таа е наводно најскапа и најуспешна, а медиумите од Истанбул пренесуваат дека по операцијата тој извесно време поминал во полуксузен хотел во Бешикташ.

Се беше направено во строга тајност, па Зидан во меѓувреме се врати во својот дом во Франција.

Интересно е тоа што Зидан во младоста имал бујна коса додека играл за Каен и Бордо, за да почне да ја губи по пристигнувањето во Јувентус, а бил само во средината на дваесетите.

Во меѓувреме си ја избричи главата и таа слика го следи речиси две децении, но сега се чини дека ќе видиме промена.

The post Затоа се повлече од јавноста – Најпознатиот ,,ќелавко,, заминува во историјата!? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico