Двојката Дивац со години живее во Америка, а неодамна купија дом во Лос Анџелес, и сега решија да го реновираат.
Владе и Ана Дивац во текот на годината престојуваат на две адреси, во Србија и во Америка. Долго време живееја во Сакраменто, кој неодамна го заменија со сончевиот Лос Анџелес, каде купија пространа куќа.
Сопругата на познатиот кошаркар на социјалните мрежи се пофали со новиот ентериер, а разликата е евидентна.
Елегантни бели ѕидови и врамени слики кои ги красат, стаклени маси и миризливи свеќи се насекаде во дневната соба, а еден од најубавите детали се висечките кристални лустери.
Интересно е што во оваа соба нема ТВ, туку удобен сив кауч свртен кон каминот.
Во трпезаријата има трпезариска маса, каде што има место за десет луѓе, но не успеавме да ѕирнеме во кујната, пишува Блиц.
Во објавата Ана спомна како станот на прв поглед изгледал многу постаромодно. Лакираниот дрвен мебел, теписите и зелените ѕидови исчезнаа, а сега семејството Дивац ужива во помодерен ентериер.
,,Пред и потоа. Реновирање – напишала Ана, а коментарите само продолжија да доаѓаат:
„Рај“, „Многу ми се допаѓа“, „Убава“, „Многу е убаво“.
The post (ФОТО) Се пука од елеганција и луксуз – Влезете во реновираната куќа на семејството Дивац во ЛА! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico