Визии

Сподели

Велат дека бившиот премиер Никола Груевски, соочен со тешки обвинувања од страна на Специјалното јавно обвинителство, ноќите ги минувал во бунило: постојано халуцинирал некакви параноични проекти за спас на македонската економија, која што тој ја доведе на питачки стап. Еднаш сонувал како селското граѓанство го вратил во камени пештерски фарми, друг пат како кравите даваат млеко во прав, трет пат како кокошките несат ноеви јајца, тракторите ораат слободни индустриски зони, Пелагонија и Овчеполието се претворени во плантажи за берба на банани и кокосови ореви, а скопските споменици свират на гајди и плачат за војводите.

Со помош на тие нобеловски изуми, Груевски планирал во МАНУ да ја брани својата докторска (или дикататорска) дисертација, насловена како “Македонија во сто чекори поназад!”