Во насока на зајакнување на интегритетот на институциите и зголемување на нивната транспарентноста, радува фактот што Државниот завод за ревизија во Годинешната програма за работа на ДЗР за 2022 година по 13 години е планирана ревизија на регуларност на финансиските извештаи на Владата на РСМ.
Борбата против корупцијата и судирот на интересите е можна само преку заедничка соработка на сите институции. Од друга страна ревизијата на работењето на сите институции само ќе ја зголеми нивната транспарентност и интегритет во општеството.
Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси ќе ја интензивира и понатаму соработката со сите релевантни институции, бидејќи само со заеднички залагања можеме да очекуваме поголеми резултати, информираат од Државната комисија за спречување на корупцијата