Претседателот Пендаровски и сопругата ѝ оддадоа почит на кралицата Елизабета II

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓеоргиевска вчера присуствуваа во Вестминстерската сала во Лондон, каде е изложен ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета Втора.

Пендаровски на својот фејсбук-профил објави видео на кое се гледа како тој со сопругата оддаваат почит пред посмртните останки на кралицата.

Претседателот се потпиша и во книгата на жалост, а денес ќе присуствува на погребот на кралицата во Вестминстерската палата.

 

„Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија“, напиша Пендаровски.