Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Сподели

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 03.10.2022 до 07.10.2022 зема 199 примероци за физичко-хемиска и 199 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18) – информираат од ЈП Водовод и канализација, Скопје.