Ново поскапување на дизелот и екстра лесното масло

Сподели

 

Од полноќ малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/литар, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/литар, малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 51,920 ден/кг.

 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм)