До денеска напладне вкупно 2.571 граѓани, чии записи во избирачкиот список се спорни, се пријавиле во Државната изборка комисија (ДИК), соопштуваат оттаму.
Од нив, 1.003 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во доплнителните канцеларии на ДИК, додека 1.568 граѓани за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.
Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Сарај, Тетово, Аеродром и Кичево.