Неисправни возила и возачи без дозвола вршат превоз на ученици

Сподели

 

Денеска, во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата констатирани се 47 сообраќајни прекршоци. Од нив пет санкции за технички неисправни возила, три мерки поради непоседување на задолжителна опрема, две санкции за возење без возачка дозвола, 17 возила се упатени на вонреден технички преглед…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.