Општина Чаир се приклучи кон глобалната борба против рак на дојка

Сподели

 

Во присуство на најеминентните лекари во земјава од областа на радиологијата, онкологијата и хирургијата и голем број на жени од сите области, општина Чаир во соработка со здружението „Езра“ се вклучи во глобалната борба против рак на дојката.

 

 

„Непобитен факт е дека треба да зборуваме и да имаме значајно влијание врз колективната свест за опасностите од ракот на дојката повеќе од еден ден, повеќе од еден месец, бидејќи бројот на жени погодени од оваа чума на векот расте со многу брзо темпо“, рече меѓу другото пред присутните градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу. Тој укажа и на фактот дека лекарскиот преглед, поддршката, храброста и неоткажувањето се работите кои треба да им бидат приоритет на оние жени кои се борат со ракот на дојката, оние кои имаат најмало сомневање дека може да се зафатени од рак или оние кои кои можеби не се ни свесни дека достигнале понапредна фаза на рак, или можеби се во рана фаза.

 

 

„Да не дозволиме ракот да го каже последниот збор, бидејќи надежта е како сонцето, кое ја фрла сенката на товарот зад нас додека патуваме кон него. Сите го имаме последниот збор ако навреме интервенираме“, рече Ганиу. Пред присутните говореше и извршната директорка на Здружението „Езра“ Лиридона Беќири-Лимани, која зборуваше за нејзиното лично искуство од ракот на дојката доживеано од нејзината мајка. Таа ги охрабри сите жени да ги направат потребните консултации и прегледи кои се повеќе од неопходни.

Директорот на Универзитетската клиника за хирургија, Неџати Јакупи, ја пренесе пораката дека колку побрзи се интервенциите преку потребните контроли, ако само има сомнежи за постоење на рак, толку се поголеми шансите за преживување.

И директорот на Клиниката за онкологија, Никола Васев-Нино, ја упати пораката дека со проверки и прегледи може да се спасат многу животи.