Играше за Баерн Минхен, а сега го чека животна казна – Легендарниот фудбалер осуден на смрт!

Сподели

Легендарниот ирански фудбалер Али Даеи (53) е осуден на смрт во својата татковина.

фото: imago images

Даеи беше осуден на смрт поради протестите во градот Сакез, по убиството на Маша Амини за неправилно носење хиџаб, јавуваат азербејџанските медиуми.

Народот на Иран, а пред се љубителите на фудбалот се надеваa дека оваа одлука ќе биде сменета и дека легендарниот ас ќе ја избегне смртната казна.

фото: BEHROUZ MEHRI/AFP VIA GETTY IMAGES; CHARLES M VELLA/SOPA IMAGES/SHUTTERSTOCK

На крајот на септември Али Даеи ја повика иранската влада „да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења“.

,,На Даеи му беше одземен пасошот поради тоа што го напиша на Инстаграм“, пишува реформистичкиот весник „Хамихан“.

Инаку, Даеи е најдобар стрелец во историјата на иранската репрезентација со 109 гола, што е втор најдобар голгетерски учинок досега, кога се во прашање репрезентациите. Пред него е само Кристијано Роналдо кој постигна 117 голови.

Врвот на клупската кариера Даеи го доживеа на крајот на 20 век, кога играше за Баерн Минхен.

The post Играше за Баерн Минхен, а сега го чека животна казна – Легендарниот фудбалер осуден на смрт! first appeared on Спорти.

Powered by WPeMatico