Средба на Арбер Адеми со амбасадорот на Република Молдавија, Анатол Чебук

Сподели

 

Пријателските односи меѓу двете земји кои се карактеризираат со заемни заложби за нивно збогатување во сите области од заеднички интерес, интересот за соработка во делот на евроинтегративните процеси и остварувањето на европските аспирации за полноправно членство во Европската Унија и како стратешки приоритети на двете земји беа теми за кои  се разговараше на средбата.

Исто така, Адеми му честита на амбасадорот за кандидатскиот статус на Молдавија во ЕУ, изразувајќи волја за пренесување на искуствата на нашата земја во процесот на евроинтеграција.