Пунктовите за хуманитарна помош организирани од волонтери се отворени и функционираат

Сподели

Screenshot-131

Веднаш по објвата и соопштението дадено од “Црвен крст”, групата „Хуманитарна помош за настраданите семејства во Скопје“ демантираат дека нивните пунктови ќе биде затворени.

„Сите пунктови коишто се организирани на социјалните мрежи функционираат со целосна посветеност на волонтерите, секој добиен продукт се маркира со ознака „H“ и се носи секаде каде што е потребно – за што може да посведочат и сите граѓани коишто се имаат обратено за помош до нас“, велат од групата.

Администраторите ги повикуваат граѓаните и натаму да донираат, секој на оној пункт којшто е во негова близина, бидејќи од час на час, потребите на населението стануваат поголеми.

„Истовремено ги повикуваме сите коишто се подготвени да волонтираат и да се уверат во чесноста, пожртвуваноста и алтруизмот на секој од волонтерите на пунктовите, да се вклучат во работата на самите пунктови и ќе се уверат со колкаво човекољубие се пристапува кон секој случај“, велат од групата.