Герасимовски: Новогодишни пакетчиња за децата во Центарот за даунов синдром

Сподели

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски подели новогодишни пакетчиња за децата од Центарот за Даунов синдром. Ова е прв Дневен Центар во државата, отворен е во соработка со здруженијата на децата со Даунов синдром и комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.

 

 

„Навистина е прекрасно кога ќе придонесете за нечија насмевка особено кога тоа е искрена и детска. Новогодишните пакетчиња се само мал гест кои донесоа огромното задоволство и кај нив и кај нас. Од овие деца треба да научиме дека радоста е во малите работи. Им благодарам за убавиот пречек и внимателно изработените честитки“, истакна Герасимовски.

 

 

Општина Центар оваа година ќе подели 3.000 новогодишни пакетчиња кои се донација од општествено одговорните компании. Ова воедно е и најголема бројка која општината воопшто ја поделила досега.

Овие денови градоначалникот Герасимовски и општинската администрација поделија пакетчиња во Дневниот Центар за церебрална парализа во Киро Глигоров, Детската Клиника, Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас, Здружението на слепи лица со оштетен вид, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, Здружението на граѓани за хуманитарна помош ЗАЕДНИЧКИ ДОМ за мајки и деца од Украина, Дневниот центар за лица со попреченост +18 “Пролет”, Центарот за Даунов синдром и паралелно пакетчиња се делат во  детските градинки. Новогодишни пакетчиња ќе бидат поделени и на дводневната предновогодишна забава која градоначалникот Герасимовски ја најави за 29 и 30 декември на улицата „Боемска 1“.