Цените за малите потрошувачи од 1 јануари ќе плаќаат значително помалку. Во скапата тарифа досега плаќаа 17,19 денари за квч вкупно, а од први јануари ќе плаќаат 13,73 денари за квч. Евтината струја за малите потрошувачи сега е 13,51 денари, а од 1 јануари нејзината цена ќе изнесува 10,78 денари за киловат час, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
Цената на струјата за малите потрошувачи, за 99,2 отсто од домаќинствата ќе се намали.
Домаќинствата кои рационално ја користат електричната енергија ќе имаат намалување за 4,11 отсто во првиот блок, додека во вториот намалувањето ќе изнесува 2,95 отсто, во третиот блок ќе има корекција (зголемување) од 0,85 отсто и во четвртиот, за оние кои трошат најмногу ќе има корекција од 7,65 отсто“, рече Бислимоски, објаснувајќи дека во пресметките се вклучени и цената на струјата и мрежарината, односно надоместокот за дистрибуција.
Мрежарината за домаќинствата од Нова година ќе се намали за 20,6 отсто, изјави Бислимоски, потсетувајќи дека најмногу реакции за сметките за струја досега беа дека се плаќа повеќе за мрежарина отколку за реално потрошената струја.
Меѓутоа тој потврди дека ДДВ-то ќе се зголеми од 5 отсто на 10 отсто.