Гувернерот на државата Пуебла, Рафаел Морено Вале, изјави дека биле пронајдени телата на уште девет други лица, со што бројот на жртвите се зголемил на 48
МЕКСИКО (АА) – Се дознава дека бројот на загинатите се зголемил на 48, како резултат на лизгањето на земјиштето во државите Пуебла и Веракруз во Мексико, предизвикани од тропската бура Ерл, која и понатаму е актуелна во овие земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на државата Пуебла, Рафаел Морено Вале, изјави дека биле пронајдени телата на уште девет други лица, со што бројот на жртвите се зголемил на 48.
Во меѓувреме, гувернерот на Веракруз, Хавиер Дуарте, во изјавата за новинарите истакна дека локалната власт ги има под контрола реките што ја поминале критичната скала на нивото на водата, и додаде дека над 1.230 луѓе биле раселени во безбедна област.
Од друга страна, бурата наречена Хавиер, која се очекуваше да го зафати полуостровот Долна Калифорнија (Баха Калифорнија), во северозападниот дел на земјата, го изгуби својот интензитет по лизгањето на земјиштето.
Гувернерот на Долна Калифорнија, Карлос Мендоза изјави дека бурата Хавиер досега не предизвикала материјална штета или човечки загуби, и оцени дека „поради споменатата бура, држава се соочи со бран во висина од 3,5 метри и силни врнежи од дожд“.
Беше забележано дека бурата Хавиер го промени правецот од полуостровот Долна Калифорнија кон американската држава Аризона.