Сообраќајот на пругата меѓу Скопје и Велес во моментов е во прекин, откако еден вагон од патничкиот воз на релација Гевгелија – Скопје утринава околу 7 часот се излизгал од шините на станицата „Кадина Река”, меѓу Велес и Скопје.
Од ЖРСМ – Транспорт за Мета.мк ја потврдија информацијата и истакнаа дека при инцидентот нема повредени патници.
„Нема повредени патници. Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се префрлени во Скопје“, изјавија од „ЖРСМ – Траснпорт“.