Изминатото деноноќие произведени 18.488 MWh, немаше увоз на електрична енергија

Сподели

 

АД ЕСМ на 09.01.2023 година произведе 18.488 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 12.390 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.098 MWh.

Во изминатото деноноќие АД ЕСМ не набави електрична енергија од странство.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 09.01.2023 година.