Граѓани организираат блокади: Да не дозволиме бугарските неонацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев

Сподели

 

Граѓани на социјалните мрежи организираат блокади на патиштата, со цел да ги спречат бугарските државјани, кои најавија дека доаѓаат во Скопје на 4 февруари за одбележување на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

Тоа беше повод на социјалните мрежи да се повикаат граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје со цел нивно спречување.

„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските неонацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.