Од полноќ нови цени на горивата

Сподели

 

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се зголемат во просек за 0,5 отсто, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги..

Од ноќеска цените на бензините се зголемуваат за 1 денар за литар, па така, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 86 денари за литар.

Дизелот ќе поскапи за 0,5 денари за литар и од полноќ литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 84,5 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар и ќе изнесува 82,5 денари за литар, додека мазутот поскапува за 0,304 денари и ќе се продава по цена од 41,346 денари за килограм.