Ако власта излегува со тврдење дека агентурни мрежи и странски пари се вклучени во креирањето тензии со Бугарија, бараме да не ги кријат и да ги посочат со име и презиме кои се тие агентурни мрежи и какво влијание прават. Бараме да се знаат и јавно да се идентификуваат за да граѓаните не подлегнуваат под нивно влијание, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.
Како второ, Стоилковски посочи дека се бара финансиските институции да го следат текот на парите и да објават како се финансираат бугарските здруженија во Македонија.
– Трето и многу важно за владата во Македонија е да побара од Бугарија доследно почитување на одлуките на Судот за човекови права во Стразбур. Четврто, власта да реагира на омаловажувачките и негаторски политики и изјави од бугарска страна, истакна Стоилковски.
Стоилковски потенцира дека наместо измеќар и поданички однос, владата да има достоинствени позиции и однесување.