ЕДУИНО-ВЕБИНАР: Вклучување на деца бегалци, мигранти во образовниот процес

Сподели

 

Актуелната мигрантска криза неминовно ја отвори потребата за дополнителни вештини на едукаторите чиј професионален ангажман предвидува образование на деца бегалци, мигранти, лица без државјанство и баратели на азил. Вебинарот ќе биде можност слушателите да стекнат дополнителни знаења како и да добијат увид во стратегии за помош на оваа ранлива категорија со цел да се вклучат во редовниот образовен процес, полесно да се адаптираат на средината, да го остварат својот образовен потенцијал и правото на квалитетно инклузивно образование.
 
Во воведниот дел слушателите ќе бидат запознаени со правата на детето во меѓународната и домашната легислатива. Потоа ќе ги дефинираме поимите: бегалец/ мигрант/внатрешно раселено лице/инклузија и еднаквост.
 
Главниот дел ќе опфати стратегии за вклучување на деца бегалци, мигранти, лица без државјанство и баратели на азил во воспитно образовниот процес. Исто така ќе зборуваме за предизвиците со кои се сочуваат децата бегалци во училишната средина. Потоа ќе изложиме стратегии за надминување на предизвиците на детето- бегалец на ниво на училиште и стратегии за надминување на предизвиците на детето – бегалец на ниво на паралелка.
 
Заклучниот дел ќе ја отвори темата за значењето на предусловот на образовната инклузија како услов за социјална инклузија, како и темата за улогата на наставникот во креирање на еднакви можности за образование на сите ученици.
 
По вебинарот учесниците ќе стекнат вештини за:
🔹 проширување на знаењата за основните права на децата бегалци, мигранти, децата без државјанство и баратели на азил;
🔹 запознавање и разбирање на предизвиците со кои се среќаваат децата бегалци;
🔹 развој на вештини за прилагодување на училишната средина и училишната заедница за вклучување на детето – бегалец;
🔹 развој на вештини за прилагодување на наставата врз основа на почитување на принципот на недискриминација.
 
Проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации“ е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Амбасадата на Велика Британија во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ. Проектот го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.
 
31јануари, со почеток од 18 часот
 
линк за регистрација преку ZOOM: https://tinyurl.com/3zdr2j3m