Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 06.00 до 16.00 часот на територијата на РС Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
При контролата констатирани се 41 сообраќаен прекршок.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.